Најново во продавницата!
Доктори, ама за електроника.
Поправка на конзоли, компјутери и сé што зборува 101010100
Што нудиме?

Поправка на конзоли
Нудиме професионална дијагностика и поправка на конзоли како PlayStation, Xbox и Nintendo Switch. Решаваме проблеми со прегревање, исклучување при игра, HDMI сигнал, напојување, Blu-ray читачи и други хардверски дефекти. Вршиме замена на електронски компоненти, како и напредни процедури како Reballing за поправка на матични плочи. Користиме квалитетни компоненти и проверени методи за да ја вратиме конзолата во целосно функционална состојба..

Поправка на PC
Вршиме дијагностика и сервис на десктоп компјутери и лаптопи. Поправаме дефекти на матични плочи, напојувања, графички картички, како и проблеми со перформанси, софтвер и оперативни системи. Без разлика дали станува збор за хардвер или софтвер, нудиме брзо и сигурно решение.

Одржување на конзоли
Редовното одржување на конзолите е клучно за нивна долготрајност и стабилна работа. Вклучува професионално чистење од прашина, замена на термална паста или течен метал и оптимизација на системот за намалување на температура и бучава.
Одржување на компјутери и лаптопи
Нудиме комплетно одржување на компјутери и лаптопи кое вклучува чистење, замена на термална паста, оптимизација на системот и превенција од идни дефекти. Со редовно одржување се подобруваат перформансите и се продолжува животниот век на уредите.