Сервис

Што поправаме:

Нудиме сеопфатен сервис на конзоли, лаптопи и компјутери, вклучувајќи поправка на контролери, напојувања и придружна опрема. Специјализирани сме за работа со матични плочи, графички картици, напонски картици и контролни модули. Покрај тоа, вршиме сервис и на индустриска електроника и други сложени електронски системи. Обезбедуваме професионална дијагностика, прецизна поправка и сигурни решенија за сите видови електронски дефекти.

Успешно поправени работи

Поправка на конзоли

Сервис и дијагностика на конзоли и додатоци за нив. Нудиме професионална дијагностика и поправка на конзоли како PlayStation, Xbox и Nintendo Switch. Решаваме проблеми со прегревање, исклучување при игра, HDMI сигнал, напојување, Blu-ray читачи и други хардверски дефекти. Вршиме замена на електронски компоненти, како и напредни процедури како Reballing за поправка на матични плочи. Користиме квалитетни компоненти и проверени методи за да ја вратиме конзолата во целосно функционална состојба.


Поправка на компјутери и лаптопи

Вршиме дијагностика и сервис на десктоп компјутери и лаптопи. Поправаме дефекти на матични плочи, напојувања, графички картички, како и проблеми со перформанси, софтвер и оперативни системи. Без разлика дали станува збор за хардвер или софтвер, нудиме брзо и сигурно решение.


Одржување на конзоли

Редовното одржување на конзолите е клучно за нивна долготрајност и стабилна работа. Вклучува професионално чистење од прашина, замена на термална паста или течен метал и оптимизација на системот за намалување на температура и бучава.


Одржување на компјутери и лаптопи

Нудиме комплетно одржување на компјутери и лаптопи кое вклучува чистење, замена на термална паста, оптимизација на системот и превенција од идни дефекти. Со редовно одржување се подобруваат перформансите и се продолжува животниот век на уредите.


Изјава за одговорност

Компанијата не сноси одговорност за евентуална последователна штета предизвикана од неуспешна поправка или неисправност на уредот доставен на сервис. Со прием на уредот на сервис, се проценува можноста за поправка, но истата не е загарантирана во сите случаи. Клиентот се известува навремено доколку поправката не е можна или изводлива.

    Quantity

    Add to Cart

    Availability:

    SKU:

    Please Wait...

    Something went wrong. Please reload.